Видео репортажа од час и половина од денешното одбележување на 149 години од Разловечкото Востание.
На настанот кој беше во организација на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево со своето присуство директорот на установата Златко Начовски го удостоија премиерот Христијан Мицкоски, министрите Златко Перински и Зоран Љутков како и други претставници на Владата и гости намерници.
За с.Разловци и Делчево добра вест е што се најави конечната реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание.
За присутните беше подготвена и културно уметничка програма со настап на локалните фолклорни групи, по што следеше и ручек.
Многу повеќе ќе дознаете ако ја погледнете самата видео репоратажа каде може да ги слушнете и пораките кои беа упатени на говорницата од горе споменатите учесници.

Leave a Reply