Фолклорна работилница по повод Меѓународниот ден на детето

По повод Меѓународниот ден на детето, фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево одржа весела и едукативна работилница:
„Фолклорна игра – Погоди го орото!“

-Нашите играорци од IV група и младинската група ги ставија на тест своите уши и меморија – препознаваа македонски изворни ора по музика и ги поврзуваа со кореографии, истакна Кристијан Трајановски
Соработник за фолклор и сценско уметничка дејност при Национална установа Центар за култура ,, Никола Јонков Вапцаров “ Делчево.

Целта како што додаде е да се разбуди слухот, вниманието и љубовта кон македонската традиционална музика и игра.

-Голема благодарност до сите учесници за позитивната енергија – со вакви активности ја чуваме и негуваме нашата фолклорна ризница! , додаде Трајановски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*