Во рамките на активностите на Општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, се реконструира улица .,,Индустриска 3” во Берово.
Градоначалникот на Берово и информираше дека е предвидена ереконструкција на улицата во должина од 242 метри, со широчина од 6 метри, одводнување како и изградба на тротоари, од двете страни на улицата, со широчина од 1 метар.

-Со изградбата на оваа улица, ја подобруваме патната мрежа во Берово и ја олеснуваме пристапноста на жителите до нивните имоти, истакна Пекевски на фејсбук.
Вкупната вредност на инвестицијатa е 5.160.141,00 денари , од кои 4.574.573,00 се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година.


Leave a Reply