Во с.Разловци се чествуваат светителите Цар Константин и Царица Елена

Во делчевското село Разловци денес се чествуваат светителите Св.Цар Константин и Царица Елена. Истоимената црква во селото која е една од најстарите е карактеристична по многубројните ретки фрески и се смета за една од позначајните верски и историски објекти во овој дел на Македонија. 

Според кустосот Славчо Десподов црквата е градена за време на Осмалиското царство што може да се заклучи по самите фрески во храмот.

-Позади мене се наоѓаат ктиторите на црквата која според фреските кои постојат е градена негде 1850 година. Позади мене е портретот на водачот на Разловечкото востание Поп Стојан кој ја градел оваа црква заедно со мештаните од село Разловци, вели Десподов.

Црквата сама по себе според него е раритет, бидејки на нејзините ѕидови на неколку места видлива е апликација на знамето од Кутлеш.

-Црквата не само што е богата со фрескоживопис, иконостаси и свети икони, туку на сите столбови и арки се наоѓа симболот сонцето од Кутлеш, односно шеснаесет и осум кракото златно сонце на Александар и Филип II Македонски. Не верувам дека има друга таква црква. Звездата од Кутлеш се наоѓа на повеќе места во неа, и означува континуитет на градбите од ваков тип во Македонија, додава Десподов.

Во дворот на црквата како што додава Отец Атанас Поповски, се наоѓаат и гробови на неколку свештеници кои учествувале во Разловечкото востание.

-Овде се моштите на починатите свештеници од кои едните се убиени 1914 година, еден починал од природна смрт додека овде не е донесено само телото на Поп Стојан кој починал на Рилскиот манастир. Разловечкото востание го кренал Поп Стојан затоа што турците правеле големи зулуми. За тоа да зе случи најпрво се договорил со неговиот зет од Берово, Димитар Поп Беровски кој исто така бил доста учен човек кој сакал населението да биде ослободено, објасни делчевскиот свештеник кој е потомок на Поп Стојан.

Во нивната намера, според сознанијата на отецот Поп Стојан и Димитар Поп Георгиев Беровски помош имале од самите селани од Разловци, а учествувале борци и од околината на Пехчево, Радовиш и други места. Истото било организирано на месноста Калаџерџево, но потоа Поп Стојан бил фатен од страна на Турците кои го носат во Рилскиот манастир каде го завршува својот живот. Во чест на Поп Стојан од пред неколку години подигната е и Спомен плоча која се наоаѓа на влезот на црквата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*