Во сабота на Задушници ќе се отслужи заупокоена литургија во црквата Свети Наум Охридски во Делчево од 7:30 часот Некои од свештениците ќе бидат присутни на гробиштата од 6:30ч и верниците ќе можат да дојдат на определеното место за свештениците да прочитаат трисагио и да се помолат над пченицата за покојните.
На старите гробишта свештеникот ќе биде во гробјанската црква, во средните пред трпезаријата а на најгорните на почетокот од влезната порта.
Претходниот ден во Петок помените за покојните ќе се прават од 15ч до 18ч, се вели во информацијата на свештенството.


Leave a Reply