Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здруженијата ,,Аронија” од Делчево и ,,Башта може свашта” од Ваљево

Претседателот на здружението на производители органски производи „ Аронија“ од Делчево, Фиданчо Христов од 27.04 до 01.05.2025 година го посети  имотот на Здружението  „Башта може свашта“ во околината на Ваљево.

Под менторство на г-дин Павле Ѓорѓевиќ тој присуствуваше на обука за производство на био храна со методи на перма култура  (мотивационо  био градинарство) и обука за органско производство.

На 01.05.2025г. е  потпишан меморандум за соработка и  е потпишан договор  за учество на зеднички проекти и студиски посети  помеѓу двете здруженија.

За време на посетата на здружението се разменија искуства околу производството на био храна, идната соработка преку имплементација на веќе реализирни проекти кои ќе бидат разменети и реплицирани од двете здруженија.

На 18-ти и 19/05.2025 година претседателот на здружението Фиданчо Христов, го посети Новосадскиот саем на земјоделие каде ја  посети изложбата на органски производи, производи со географско потекло и производи со ознака за српски квалитет и посета на Земјоделската стручна служба на Србија.

Овие активности беа  финансиски поддржани од  Westernbalkansfund (Фондот за Западен Балкан)  во рамките MOVE 5 повикот  на  WBF(Фонд за Западен Балкан) индивидуални грантови, преку проектот „Создавање заедница што работи во хармонија со природата“ .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*