,,Бабина Баница” утре, 15 јуни во с.Цера, М.Каменица !

За утре, 15 јуни 2025 е закажана манифестацијата „Бабина Баница“ која секоја година во месец јуни се одржува во прегратките на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во с Цера, Македонска Каменица..

Традиционалниот народен собир ,,Бабина Баница'” е ден кога се слави традиционалната кујна од овој регион, преку подготовка на специјалитетот ,,Баница под вршник”, а сето тоа надополнето со пригодна музичка програма во чистата природа на селото Цера.

И годинава организатор на настанот е Културно информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица во соработка со Општина Македонска Каменица.

Почетокот е закажан за 10:30 часот.

Во продолжение видео моменти од последната Бабина Баница одржана на Еленец:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*