Вечерва во Делчево се одржа завршната приредба на генерацијата од ОЈУДГ „Весели Цветови“ Делечво пред поаѓање во прво одделение. На радост на сите граќани вечерва директорката Буилјана Симовска сподели убава вест, а тоа е дека по подолго време се зголемува бројот на првачиња кои во наредната учебна година ќе бидат вкупно 93 ученици.
-Вака гледајки ја полната сала ми претставува чест и задоволство. Ви благодарам за присуството и во овој ден полн со среќа за нашата установа сакам да кажам дека вие ја имате најголемата генерација во последните неколку години. Вкупно 93 дечиња се запишани оваа година во прво одделение. Ова е генерација која започна во време на ковид кризата, генерација прекрасни деца и генерација која плени со својата емоција. Прекрасни деца и ние сме горди што осум часа дневно имавме можност да се грижиме за нив. Некои кај нас ги направија првите чекори, некои прв пат се расплакаа. Јас нема да должам затоа што нив ги чекате да ги видите.

Ви благодарам за сите критики за сето што на ваша рака направивте некогаш од интуицијата за подобро на децата. Тие мали грешки ги простуваме и се надеваме дека и вие ќе ни простите на нас. Не ги приситискајте и не ги учете децата што треба да прават. Тие знаат што сакаат уште од мали нозе. Бидете нивни водители и чекорете во нивните успеси. Ви посакувам среќа во основното образованеи и борбата со преизвиците кои ќе следат, рече пред присутните родители директорката Билјана Симовска.

Потоа следеше едночасовен настап со одлични кореографии подготвени од дел од воспитувачките на дечињата пред поаѓање во прво одделение.

Leave a Reply