Делчево: Реконструкција на улицата Ленинова во населбата Ново Делчево

Општина Делчево денеска започна со реконструкција на улицата Ленинова во населбата Ново Делчево, каде што се поставува нов асфалт на делница во должина од 290 метри.

„Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти кои директно придонесуваат за побезбедно и поквалитетно секојдневие за граѓаните“, изјави градоначалникот Горан Трајковски.

Со оваа интервенција, општината продолжува со континуирани вложувања во унапредување на локалната инфраструктура, со цел Делчево да се развива како модерно европско градче.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*