Делчево, 26 јуни 2025 – Во духот на заедништво, труд и радост, Основното општинско училиште „Ванчо Прке“ вчера свечено ја заокружи учебната 2024/2025 година со пригодна приредба подготвена од учениците од петто одделение и нивните наставнички.
На свечената манифестација беа доделени дипломи и благодарници за учениците кои постигнаа успеси на државни натпревари, како и признанија за деветтоодделенците кои покажале континуиран одличен успех низ целото нивно основно образование.
Од училиштето порачаа дека со оваа манифестација симболично се испраќа уште една успешна година, исполнета со бројни постигнувања и моменти за гордост.
Воедно беше истакната благодарноста кон учениците, наставниците и родителите за нивната посветеност и придонес во образовниот процес.












Leave a Reply