Село Габрово, Делчево – На 31 јули 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во селото Габрово ќе се одржи голема хуманитарна вечер со богата програма, вкусна храна и забава за сите генерации.
Настанот ќе биде збогатен со настап на познатиот македонски естраден уметник Спасен Сиљаноски, како и веселата музичка поддршка од Модерато Бенд, кои се познати по одличната атмосфера и жив настап.
Специјално изненадување на вечерта ќе биде биде настапот на Лоренцо Трајановски со песната ,,Мое Делчево” , а предвидена е и музичка точка на тапани.


Организаторите најавуваат:
Домашни ќебапи
Различни пијалоци
Богата лотарија
🎁 Главната награда од лотаријата ќе биде телевизор, што дополнително ќе го зголеми интересот за учество на посетителите.
Настанот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за добротворна цел, со цел поддршка на локални семејства и иницијативи.
Габрово повторно покажува дека заедништвото и солидарноста се живи вредности на нашите села. Повикани се сите жители од регионот и пошироко да земат учество и да дадат свој придонес.


Leave a Reply