Ова лето, Делчево станува се попопуларна дестинација за десетици семејства и млади од Југозападна Бугарија. Само на 15 минути од граничниот премин, комплексот Saffron покрај Градскиот Базен Делчево се издвојува како омилено место за еднодневен одмор, забава и разладување.
Според реакциите на бугарските посетители, причината за сѐ поголемата посетеност е јасна – пристапни цени, одлична услуга, чистота, мирна атмосфера и исклучително гостопримство.
Со влезница од само 150 денари (приближно 5 лева), гостите добиваат пристап до два беспрекорно чисти базени – еден голем и еден детски. Бесплатните чадори и сенка се само дополнителен плус за удобно летно доживување.
Ресторанот и баровите во рамки на комплексот нудат вкусна традиционална македонска храна по многу прифатливи цени – кафе за 2 лева, богата пица за 8 лева и скара со автентичен вкус каква ретко се наоѓа дури и во бугарските туристички центри.
За време на викендите, во вечерните часови се организираат забави со жива музика, што дополнително го зголемува интересот, особено кај младите.
Безбедноста е на високо ниво – со присуство на обучени спасители, ред и надзор покрај базените во текот на целиот ден.
Посебно значаен е и бесплатниот паркинг, кој им олеснува на гостите од Бугарија што доаѓаат со автомобил.
Од Делчево365 забележуваме дека интересот од источниот сосед за овој комплекс расте од ден на ден, и тоа со право – комплексот Saffron е симбол за квалитетен, пристапен и безбеден летен одмор.
Ако сте од Благоевград, Ќустендил, Петрич или Сандански – Делчево ви е „на рака“. Базените се отворени секој ден од 10:00 до 18:00 часот, а во викендите забавата продолжува до полноќ.
Ви треба само добро расположение – за сè останато ќе се погрижи Saffron Делчево!
Всушност вака и бугарските портали го опишуваат интересот за нашиот прекрасен комплекс.

Leave a Reply