Успешно претставување на КУД ,,Гоце Делчев” Делчево во Јагодина

Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево успешно реализираше уште едно меѓународно претставување, овојпат на Меѓународниот фолклорен фестивал „Увежи корак“ во Јагодина, Република Србија.

Со настап исполнет со автентични македонски игри и песни, делчевските фолклористи беа пречекани со симпатии и испратени со бурни и продолжени аплаузи од публиката. Учеството на фестивалот претставува дел од низата меѓународни активности на друштвото, по претходните настапи во Албанија и Турција.

– Претставувањето на нашата култура и традиција пред меѓународна публика е чест и обврска што со голема посветеност ја исполнуваме. Публиката во Јагодина одлично нè прими, а ние го дадовме најдоброто од македонскиот фолклор, изјавија од КУД „Гоце Делчев“.

Од друштвото најавуваат дека ќе продолжат со настапи и учества на фестивали низ Европа, со цел промоција на македонската културна традиција.

Фотографии и видеоснимки од настапот ќе бидат објавени во наредните денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*