Промоција на кандидатот за градоначалник Иван Гоцевски на настан по повод 35 години ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево оваа сабота организира свеченост по повод 35 години од своето основање – партија која со децении стои рамо до рамо со народот.

Во рамки на настанот, ќе се одржи и официјалната промоција на кандидатот за градоначалник на Општина Делчево – Иван Гоцевски.

Настанот ќе се одржи на 26 јули 2025 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, во Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Гоцевски упати јавна покана до сите сограѓани, роднини, пријатели и сопартијци, нагласувајќи ја важноста од заедништвото и сплотеноста во овој значаен момент.

„Вистинските пријатели, вистински и Ве цениме. Огромна ќе биде радоста и задоволството заедно да го прославиме овој наш празник. Заедно продолжуваме по патот на победата!“ – порача Гоцевски.

Настанот претставува силна најава за нова фаза во локалната политичка сцена и обединување околу заедничка визија за Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*