Браќата Стефановски од Делчево повторно на Илинденскиот Пливачки Маратон: Од локален базен – до охридска традиција

По минатогодишниот успех и своевиден подвиг, тројцата браќа од Делчево – Филип, Максим и Калин Стефановски – и оваа година ќе бидат дел од Илинденскиот Пливачки Маратон, кој традиционално се одржува на 2-ри август во водите на Охридското Езеро.

Ова е втора година по ред како овие млади пливачи го совладуваат предизвикот долг 2.5 километри, од плажата Горица (Кај Дивоно) до градскиот кеј кај хотел „Ривиера“. Но, она што нив ги издвојува не е само пливачката техника, туку и истрајноста, посветеноста и тренингот во скромни услови – на градскиот базен „Saffron“ во Делчево.

„Ова за нас не е само трка. Тоа е доказ дека со труд, срце и верба во себе – можеш да испливаш и низ најдлабокото езеро. Втор пат сме тука и ова веќе станува наша семејна традиција,“

велат браќата Стефановски.

Илинденскиот маратон, во организација на Пливачки клуб „Охридски бранови 2008“, ќе го одбележи своето 46-то издание. Пливачите се поделени во две категории:
🔹 10 до 15 години
🔹 16 до 35 години
Стартовите се закажани за 10:00 и 11:00 часот, а трката ќе биде обезбедена од медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст – Охрид и два судиски тима.

Браќата Стефановски упатуваат голема благодарност до сите кои стојат зад нивниот успех, особено:

  • Стоматолошка Ординација “Денталика” – Скопје
  • Swissshop.mk – Скопје
  • ГД „Гранит“ АД – Скопје
  • ПСК „Голак“ – Делчево
  • Градски базен „Saffron“ – Делчево
  • Delcevo365.mk
  • Професорите Влатко Румич Стоименовски и Љупчо Прачковски

Нивната приказна е доказ дека соништата не се пливаат – тие се живеат. Од мал локален базен до национален спортски настан – Филип, Максим и Калин Стефановски се гордост за Делчево и инспирација за многу млади.

🎉 Им посакуваме мирно езеро, чиста енергија и многу среќа! Делчево е со вас!
🏊‍♂️ Ве повикуваме сите на 2-ри август – да ги бодриме нашите млади херои на охридскиот кеј!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*