Словенечки пожарникари и специјализирана опрема денес пристигнуваат во Берово – стадионот „Димитар Беровски“ привремено ќе биде затворен

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денес заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси, информираа од Општина Берово.

Поради тоа, како што додадоа оттаму стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста.

Прерходно  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов имформираше дека словенечките екипи ќе тргнат денес околу пладне, а нивното пристигнување се очекува во вечерните часови. 

Тие ќе бидат дел од координираните напори за гаснење на пожарот на Готен, кој и понатаму е активен и тешко достапен.

Ова не е првпат Словенија да испрати поддршка. Во 2021 година, словенечките и австриските пожарникари активно учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата, покажувајќи континуирана солидарност и партнерство со Македонија. Во пожарите во 2021 година во Берово загина словенечкиот пожарникар Жан Кофол, поради што Општина Берово именуваше улица во негова чест.

Покрај Словенија, подготвеност за поддршка изрази и Франција, која понуди дополнителна помош за справување со шумските пожари што ги зафатија делови од источна Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*