Во рамки на редовната септемвриска крводарителска акција во Делчево денес се собраа 93 крвни единици. Според д-р Мери Милчевска од Институтот за трансфузиона меедицина ќе значат нова надеж и спас за многу животи.
-Акцијата се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево, а во истата учествуваа како редовни крводарители, така и лица кои крв даруваа за прв пат. Повеќе крвни единици дарија мажи, додека помалку учествуваа жени, истакна Милчевска.
Изрази благодарност до сите доброволни крводарители, истакнувајќи дека дарувањето крв е дарување живот. Таа додаде дека ваквите акции се од особено значење за зајакнување на националните резерви на крв и обезбедување доволни количини за итни случаи и пациенти со хронични заболувања.
Организаторите најавија дека следната редовна крводарителска акција ќе се одржи во текот на октомври и повикаа граѓаните да се приклучат, особено новите крводарители, за да придонесат за спасување животи.

Leave a Reply