Жители на с.Разловци ги расчистуваат остатоците од пожарот во кој изгоре имот на семејството Гоцевски

Пожар кој избувна ноќеска околу 02:30 часот во делчевското село Разловци зафати семејна куќа и помошни објекти, сосптвеност на Николчо Гоцевски. Во пожарот нема повредени лица, а причинета е голема материјална штета. На лице место интервенирала единица на ТППЕ Делчево која веднаш по дојавата првично интервенирала со тројца пожарникари и едно возило, по што дополнително од лице место била побарана помош за дополнителна интервенција со уште три возила и седум пожарникари. 

Пожарот како што информираше командирот на ТППЕ Делчево, Зоран Василевски бил ставен под контрола околу 06:00 часот, а целосното ликвидирање на пожарот се очекува во текот на денот. Во пожарот нема повредени лица, но во истиот изгоре се што имаше семејството Гоцевски. 

Дописникот на МИА денес ја посети опожарената куќа каде голем број месно население му помагаше на семејството во расчситување на местото. Жителите изјавија дека веќе неколку месеци немаат вода и поради тоа не биле во можност да спасат поголем дел од покуќнината на опожареното семејство. 

Според нив брзата интервенција на ТППЕ Делчево ги спасила од поголема катастрофа бидејки село Разловци е село од збиен тип, поради што лесно можеле да бидат зафатени соседните куќи. 

Засега не е позната причината за пожарот која допрва ќе се утврдува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*