Првачињата од ООУ „Ванчо Прке“ во магичниот свет на сликовниците во библиотеката

Во читалната на библиотеката „Илинден“ денес беше весело, разиграно и исполнето со детска радост. Гости ни беа најмалите – првачињата од ООУ „Ванчо Прке“, кои преку забава и игра имаа можност да се запознаат со волшебниот свет на сликовниците.

На креативен и забавен начин ги мотивиравме децата да читаат, да откриваат нови светови и да ја разбудат љубовта кон книгата уште од најмала возраст. Заедно се дружевме со Црвенкапа, Малата сирена, Петар Пан, Желката и зајакот, Мачорот во чизми, Грдото пајче, Волкот и седумте јариња, Снежана, Златка и трите мечки, Медо и Маша и многу други омилени јунаци од детските сликовници.

„Библиотеката е првата станица на патувањето кон знаењето, а тоа патување започнува со една сликовница,“ порачаа библиотекарите, кои со топлина и ентузијазам ги пречекаа најмладите читатели.

Посебна благодарност беше упатена до наставничките Соња, Андријана и Цветанка за поддршката и соработката, а дечињата ја исполнија читалната со насмевки, енергија и детска љубопитност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*