Делчево со нова урбана опрема: 40 клупи, 60 корпи и 5 нови канделабри

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, информираше дека во изминатиот период во градот е поставена нова урбана опрема со цел разубавување и уредување на јавните површини.

Во оваа фаза, се поставуваат 40 нови клупи, 60 корпи за отпадоци и 5 канделабри, со што, како што посочи Трајковски, се создава почист, поуреден и побезбеден јавен простор за сите граѓани.

„Овие инвестиции се дел од нашата визија за современ и уреден град, во кој граѓаните ќе имаат пријатни услови за одмор, дружење и секојдневни активности. Со поставувањето на новата опрема испраќаме порака дека се грижиме за животната средина, јавниот ред и комфорот на секој еден жител“, изјави градоначалникот.

Според податоците, досега во Делчево се поставени:

  • 115 клупи
  • 60 канти за отпадоци
  • заменети 5 канделабри

Трајковски додаде дека Општината ќе продолжи и понатаму да инвестира во уредување на јавните простори, бидејќи уредениот град е основа за поквалитетен живот на сите жители.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*