Населбата Милково Брдо конечно доби директна пешачка врска со централното градско подрачје. Новоизградената патека, реализирана по барање на граѓаните, значително ќе ја подобри урбаната поврзаност, безбедноста и квалитетот на секојдневното живеење.

„Оваа инвестиција претставува значаен придонес за граѓаните на Милково Брдо. Со вакви и слични проекти продолжуваме да ги решаваме приоритетите на жителите и да создаваме модерен и функционален град,“ изјави градоначалникот Трајковски.
Со пуштањето во употреба на патеката, се очекува олеснет и побезбеден пристап кон центарот, особено за учениците и повозрасните жители од оваа населба.


Leave a Reply