Трајковски: Со изградбата на атмосферска канализација на Индустриска ќе ставиме крај на деценискиот проблем со поплавите

Општина Делчево започна со изградба на атмосферска канализација на улица Индустриска, со што конечно ќе се реши еден од најголемите инфраструктурни предизвици во овој дел на градот. Новата атмосферска канализациона мрежа во голема мера ќе ги зафаќа и водите од населбата Милково Брдо, со што ќе се стави крај на деценискиот проблем со поплавите. Атмосферските води ќе бидат спроведени директно во реката Брегалница.

„По завршување на изградбата на атмосферската канализација, улица Индустриска ќе биде целосно реконструирана и уредена. Станува збор за една од најфреквентните улици во Делчево, која претставува главна сообраќајница што води до градскиот пазар и до најголемиот дел од индустриските капацитети и фабрики во градот,“ изјави градоначалникот Горан Трајковски.

Тој додаде дека овој проект има особена важност не само за подобрување на квалитетот на живот на жителите, туку и за развојот на локалната економија, како и за обезбедување подобри услови за стопанствениците и граѓаните кои секојдневно ја користат оваа улица.

„Со оваа инвестиција уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон изградба на современа и квалитетна инфраструктура, создавање на уреден градски амбиент и подобри услови за живот и работа во Делчево,“ нагласи Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*