Љубителите на спортот и планинското трчање ќе имаат возбудлива можност да учествуваат на трката што ќе се одржи на 26 октомври 2025 година во Кочани. Настанот ќе започне од Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“, каде што учесниците ќе треба да се регистрираат и да ги подигнат своите стартни броеви најдоцна до 9:30 часот. Стартот е закажан за 10:00 часот.
Оваа година патеката е изменета во споредба со претходното издание, но повторно вклучува дел околу живописното Езеро Гратче. Патеката води од СРЦ „Бавчалук“ кон водопадите на Голема Река, минувајќи под селото Црвена Нива, каде на самите водопади ќе биде поставена првата окрепна станица за освежување.
Понатаму трката продолжува кон местото Мактеон во Горно Гратче, од каде следува спуст кој минува по круната на Езерото. Таму ќе биде лоцирана и втората окрепна станица. Последниот дел од патеката е земјена патека што се протега по десната страна на реката сè до целта.
Карактеристики на трката:
- Должина: околу 19 километри
- Вкупно искачување: 850 метри
- Почеток: 10:00 часот
- Датум: 26 октомври 2025
- Локација: Спортски центар „Бавчалук“ – Кочани
Котизацијата за учество изнесува 800 денари и вклучува стартен пакет со стартен број, финишерски медал, производи од спонзори, освежителни станици, храна, брендиран ранец и чорапи со логото на клубот.
Регистрациите за учество се отворени до 20 октомври 2025 година.

Leave a Reply