По повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево доби вреден подарок од Делчевско-Каменичката Епархија – црковна литература која ќе го збогати фондот на библиотеката.
Со ова донација, бројот на наслови од областа на црковната и духовната литература во библиотеката е значително зголемен. Книгите ќе бидат обработени и наскоро ќе бидат достапни за сите читатели и љубители на духовното четиво.
Од ЈЛБ „Илинден“ – Делчево изразија голема благодарност до Делчевско-Каменичката Епархија за укажаната поддршка и соработка.
„Овој гест претставува голем придонес во збогатување на книжниот фонд со вредни духовни наслови. Благодарни сме за донацијата и веруваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, велат од библиотеката.
На крајот, од библиотеката упатија честитки до сите граѓани:
„Нека е за многу години денот!“


Leave a Reply