Во Делчево во недела со право на глас 14.492 избирачи, ќе се гласа на 34 гласачки места

Вкупно 14.492 лица со право на глас во општина Делчево во недела на Локалните избори 2025 ќе можат да го остварат своето избирачко право на 34 гласачки места од вкупно 36 избирачки места со тоа што гласачите од избирачко место село киселица ќе гласаат во с.Очипала, додека за селник ќе гласаат во с.Драмче.

Според податоците од Општинската изборна комисија, еден ден порано 190 лица се со право на глас во домашни услови, болни и изнемоштени лица, како и други категории граѓани кои имаат право да гласаат надвор од избирачките места.

Граѓаните на Делчево во недела ќе избираат нов градоначалник и членови на Советот на општината. За градоначалничката функција се кандидирани двајца кандидати Иван Гоцевски и Дејан Глинџарски, додека на советничките избори, граѓаните ќе може да избираат меѓу шест листи, ЗНАМ, ЛЕВИЦА, МААК, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, како и СДСМ и Коалицијата „За локални избори 2025“.

Изборниот ден ќе започне во 7:00 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*