Патриот го одигра првиот натпревар за 2025 на домашен терен во М-16 лигата

Во спортската сала „Методи Митевски – Брицо“ младинската екипа на Патриот го одигра својот прв натпревар во рамки на М-16 натпреварувањето. Гостин во Делчево беше составот на Ангели, кој славеше убедлива победа со резултат 63:121.

Делчевци слабо го започнаа натпреварот, но како одминуваше времето ја подобруваа својата игра. Второто полувреме беше далеку порамноправно, што е добар показател дека тимот постепено влегува во натпреварувачки ритам.

Вчера со настапи го започнаа и кошаркарките на Патриот, кои во рамки на женската Прва лига го одиграа својот прв натпревар, но беа поразени од екипата на Крива Паланка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*