Црковниот одбор при храмот „Свети Јован Крстител“ во село Звегор информира дека работите на фасадата на црквата се во завршна фаза. Воедно, се упатува повик до сите верници и добронамерни луѓе кои имаат можност и желба да помогнат во довршувањето на оваа божја градба.
Секој што сака да даде свој придонес може да го направи тоа на следните начини:
- Со уплата во касата во самата црква „Свети Јован Крстител“ или во касата на манастирот „Свети Пророк Илија“ во Звегор.
- Преку благајникот на црковниот одбор, Флоријан Гошев – тел. 075 354 681.
- Кај домаќинот на црквата, Ристо Димитровски.
- Во менувачницата „Пресинг“ во Делчево.
Секој кој ќе донира поголем износ ќе добие благослов и икона од Света Гора – Атон, како знак на благодарност и почит.
Од црковниот одбор најавуваат дека по завршувањето на фасадата, ќе започне изградбата на трпезарија над црквата, а потоа и на камбанарија, со што ќе се заокружи изгледот на овој свет храм.
„Бидете благословени и дел од оваа света мисија“, порачуваат од црковниот одбор на „Свети Јован Крстител“ – Звегор.






Leave a Reply