Младиот пејач и композитор Дамјан Стоименовски, кој веќе неколку години темелно ја гради својата музичка автентичност, ја претставува својата најнова нумера – „Води ме“. Станува збор за модерна поп-балада што зрачи со емоција, топлина и искреност, носејќи го препознатливиот печат на Дамјан. Песната лесно допира до слушателите, ветувајќи да стане омилена меѓу љубителите на домашната поп-сцена.
Музиката е дело на Toby Tolga Mazhar, додека текстот го потпишува самиот Дамјан, кој уште еднаш ја покажува својата лирска зрелост и длабочина. За аранжманот и продукцијата се погрижи Андреј Ник, кој со својот модерен пристап создаде звук што е истовремено актуелен и емотивно богат. „Води ме“ е песна што ја доловува суштината на љубовта – нежна, вистинска и длабока.





Музичкото видео, во режија на Јован Јанкуловски, е снимено на неколку внимателно избрани локации, чии живописни пејзажи служат како идеално визуелно надополнување на атмосферата на песната.
Во видеото се појавува и мистериозна и привлечна девојка, која со својата енергија внесува дополнителна доза романтика и енигма. Визуелниот стил и режисерската визија совршено го надополнуваат уметничкиот израз на Дамјан, кој и овојпат покажува дека зад секој негов проект стои посветеност, идеја и емоција што допира до срцето.
Наслов: Магистер по право, но роден за сцената- Дамјан Стоименовски со песната ,,Води ме’’ ја освојува публиката

Leave a Reply