Истражувачки тим од Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ откри нови народни носии во село Разловци

Делчево, 7 ноември 2025 – Истражувачкиот тим од Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во рамки на своите теренски активности, пронајде 20 фути и 6 скутини во село Разловци, кои ќе бидат дел од колекцијата на фолклорната група при установата.

Како што информираат од Центарот, во наредниот период се очекува колекцијата да се збогати со уште 10 скутини, со што значително ќе се прошири фондот на оригинални народни носии од регионот.

Мештаните на Разловци соработуваа со тимот и споделија бројни приказни и преданија од минатото на селото, кои ќе бидат транскрибирани и архивирани со цел да се зачува нивната културна вредност и усна традиција.

– Нашата работа не завршува тука. Продолжуваме со истражувања во сите села од општина Делчево, за да ја зачуваме и промовираме богатата културна традиција на нашиот крај – порачаа од НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*