Четвртоодделенци од „Ванчо Прке“ со детски идеи за поубаво Делчево на средба со градоначалникот Гоцевски

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, оствари средба со учениците од четврто одделение при ООУ „Ванчо Прке“, кои во неговиот кабинет ги претставија своите идеи и предлози за подобрување на животот во градот.

Учениците побараа повеќе детски игралишта, прифатилиште за кучиња скитници, посебен парк за домашни миленици, како и асфалтирање на одредени улици во Делчево. Според Гоцевски, младите посетители самостојно ги детектирале проблемите и подготвиле конкретни препораки, покажувајќи вистинска грижа за заедницата.

„Средбата беше инспиративна, не само затоа што учениците учеа за работата на градоначалникот, туку и затоа што и јас научив многу од нивната љубопитност, идеи и амбиции“, изјави Гоцевски. Тој се заблагодари за нивната посета и за подарокот – цртеж со симболите на Општина Делчево.

Гоцевски додаде дека младите се иднината на градот и дека нивните предлози се важен потсетник дека гласот на најмладите секогаш треба да се слуша.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*