Јане Славов и Алерт Бенд ја претставуваат акустичната верзија на „Инсомнија“

Пејачот Јане Славов заедно со својот бенд „Алерт Бенд“ ја промовираа акустичната верзија на својата песна „Инсомнија“. Новата интерпретација носи свежина и потопол звук, додавајќи искреност и емоција на веќе познатата композиција.

Песната е оригинално напишана од Виктор Апостоловски, а во оваа акустична верзија добива сосема нова енергија. Снимена е во живо со целиот бенд, што ѝ дава топлина и природен музички израз.

Аранжманот е дело на гитаристот Томислав Димовски – Димовски Медиа, кој песната ја обогатува со свежа динамика и нов уметнички израз. Видеото е снимено на необична и впечатлива локација, која дополнително ја истакнува атмосферата и емоцијата на композицијата.

Акустичната верзија на „Инсомнија“ носи нов живот и ново доживување за сите љубители на музиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*