Прво место за Софија Петровска 🎾

🏆 XL Bygg Open – Borås, Шведска (20–30 ноември 2025)

FS12 B – Прво место за Софија Петровска

🥇🎾🎾🎾🎾🎾🥇

На престижниот тениски турнир XL Bygg Open, што се одржа во Elfsborg Tennis, Borås – Шведска од 20 до 30 ноември 2025, младиот тениски талент Софија Петровска, со потекло по еден родител од Делчево, го освои првото место во категоријата FS12 B.

Софија имаше доминантни настапи во текот на целиот турнир, покажувајќи извонредна техника, сигурност и спортски дух. Таа ги доби сите мечеви со импресивна игра, оставајќи силен впечаток на публиката и организаторите.

Патот до титулата:

  • 1/16 финале: Победа со 2:1
  • 1/8 финале: Убедлива победа 6:0, 6:1
  • Четвртфинале: 6:3, 6:0
  • Полуфинале: 6:0, 6:0
  • Финале: 6:2, 6:0

На фотографијата Софија гордо го држи победничкиот пехар, симбол на нејзината напорна работа и посветеност, претставувајќи го својот клуб Gothia Tenis со чест.

Со ова големо достигнување, Софија Петровска уште еднаш докажа дека е еден од најперспективните млади тенисери во својата категорија во Шведска, а нејзиниот успех е гордост и за Делчево и за целата македонска тениска заедница.

Браво Софија! Продолжи да блескаш! 🎾🥇

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*