Учениците од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ повторно блескаа на „Крстопат на музите“ во Софија

На 21. меѓународен натпревар „Крстопат на музите“, што традиционално се одржува во Софија, Бугарија, учениците од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево постигнаа извонредни резултати и се закитија со највисоките награди во повеќе категории.

Хорот и оркестарот на училиштето, под менторство на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска, го освоија Првото место во категоријата мешан ансамбл – средни училишта. Стручната комисија упати високи пофалби за нивната музичка техника, заедништво и уметнички квалитет, истакнувајќи ја нивната посветеност во подготовките.

Покрај групниот успех, забележителни се и бројните индивидуални награди:

  • Елена Алексовска – Прво место, Литература, средни училишта до 16 години (ментор: Весна Соколова)
  • Јана Попова – Прво место, Пеење 18+ (ментор: Елена Ѓеоргиевска)
  • Сара Ангелова – Прво место, Литература 18+ (ментор: Лидија Дамјанова)

Овие успеси претставуваат уште една потврда дека трудот, дисциплината и љубовта кон уметноста носат резултати кои се препознаваат и на меѓународна сцена.

Дополнително, од оваа година проф. Елена Ѓеоргиевска е назначена за официјален стратешки партнер и координатор на натпреварот за Македонија – признание што зборува за нејзиниот професионален интегритет и за угледот на училиштето.

Честитки до сите ученици и ментори! СОУ „Методи Митевски – Брицо“ продолжува да го претставува Делчево и Македонија со знаење, талент и уметност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*