
Младата тениска надеж Софија Петровска, по татко од Делчево и мајка прилепчанка, овој викенд постигна извонреден успех на престижниот турнир Lusse Cupen 2025, кој се одржа во Trollhättans Tennisklubb во Шведска.
Со доминантна игра, стабилност и огромна борбеност, Софија успеа да ја освои титулата 1:a FS12A – Lusse Cupen 2025, како што гордо стои испишано и на заслужениот пехар. 🏆✨

🎾 Импресивенпат до титулата – меч по меч
Групна фаза (FS12A – Grupp 1)
Софија започна сигурно и одлучно, покажувајќи зрел тенис и фантастична тактика:
❌ Омgång 1: Софија Петровска – Lily Berg
3 : 6, 3 : 6
(Единствениот пораз во групата, кој подоцна ќе го претвори во мотивација за реванш во финалето!)
✅ Омgång 2: Zeynep Simla Albayrak – Софија Петровска
3 : 6, 2 : 6
✅ Омgång 3: Софија Петровска – Sophie Bergendahl
6 : 2, 6 : 3
Со две сигурни победи, Софија се пласираше во нокаут етапата.
🔥 Полуфинале:
Софија Петровска – Alma Chauhan
6 : 3, 6 : 2
Уште една демонстрација на сила и стабилност на теренот.
👑 Финале – Големиот реванш!
Lily Berg – Софија Петровска
2 : 6, 3 : 6
По поразот во првото коло, Софија се врати посилна и во финалето ѝ приреди перфектен реванш на Lily Berg, триумфирајќи и освојувајќи го златниот пехар.

🌟 Горда Македонија – горди Делчево и Прилеп!
Софија со својот труд, посветеност и скромност покажа дека талентот и дисциплината секогаш носат резултат.
Нејзиниот успех е огромна радост и за нејзиното семејство – татко од Делчево и мајка од Прилеп – но и за сите што ја следат и ја поддржуваат.
Ова е само продолжение на една блескава спортска приказна! 🇲🇰❤️🎾

Leave a Reply