Китански во Прахова: Пехчево учи од современите европски модели за управување со отпад

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, учествува на студиска и стручна посета во романскиот округ Прахова, реализирана во рамки на проектот „Supporting the implementation of the regional waste management systems in the East and North-East Regions“. Посетата има за цел размена на искуства и запознавање со современите модели на организирано управување со отпад во овој регион, под координација на тамошниот окружен совет — Consiliul Județean Prahova.

Делегацијата од Македонија ги посети клучните објекти и активности во системот за управување со отпад, меѓу кои и станицата за механичко-биолошки третман (TMB Ploiești). На оваа локација отпадот се селектира, значајните рециклабилни материјали се издвојуваат, а органската фракција се биостабилизира со цел да се намали количината што завршува на депонија.

Градоначалникот Китански, заедно со останатите претставници од македонската делегација, одблиску се запозна со функционирањето на системот, контролата на квалитет, управувањето со инфраструктурата и начинот на кој регионалните политики овозможуваат долгорочна одржливост.

Од Општина Пехчево информираат дека посетата претставува значајна можност за размена на добри практики и унапредување на локалните капацитети. Притоа, учесниците добиле вредни сознанија за организациските модели, техничките решенија и институционалната координација што го прават Прахова успешен пример за ефикасен регионален систем за управување со отпад.

Според општината, ваквите активности се важен чекор кон приближување до европските стандарди и создавање почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*