Зимска приказна 2025/2026: DJ BRYSID со дневна disco house забава во Делчево

Во рамки на манифестацијата „Зимска приказна 2025/2026 – Магијата започнува овде“, Општина Делчево продолжува со богатата новогодишна програма. Настанот ќе се одржи во недела, 28 декември 2025 година, на сцената пред Спомен дом АСНОМ.

Во текот на 22 дена новогодишна програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во различни културно-забавни содржини. Овој ден е резервиран за дневна disco house забава, на која ќе настапи DJ BRYSID.

Музичката програма ќе се одвива во два термини:

  • од 12:30 до 14:00 часот
  • од 17:00 до 19:00 часот

Настанот е дел од официјалната празнична програма поддржана од Општина Делчево и бројни спонзори, со цел создавање празнична атмосфера и забава за сите генерации.

„Зимска приказна 2025/2026“ ветува магија, музика и новогодишно расположение во срцето на градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*