Проверка на пулс на нозе – Зошто е потребен !

📌Зошто е важно?

Напипувањето на пулсот на нозете се прави за рана проценка на циркулацијата и навремено откривање на циркулаторни нарушувања, уште пред да се појават сериозни симптоми.
Тоа е едноставен, брз и безбеден преглед што може да спаси екстремитет, а понекогаш и живот.

📌Со палпација на пулсот може да се:
-открие стеснување или запушување на крвните садови
-препознае периферна артериска болест
-следи состојбата кај дијабетичари
-процени ризик кај пушачи и постари лица
-контролира состојбата по повреди, операции или имобилизација
-да објасни зошто има ладни, бледи стапала, -болка при одење или рани што не заздравуваат

👉 Напипувањето на пулсот на нозете не ја заменува дијагностиката, но е прв и клучен чекор што покажува дали е потребна понатамошна испитувања.
Она што раката ќе го открие навреме, апаратот често го потврдува подоцна.

❗ Што се проценува при палпација?
Дали пулсот постои или не
Дали е симетричен (лево = десно)
Јачина (слаб / нормален / засилен)
Ритам

🚨 Кога е аларм?
Пулс не се палпира на едната нога
Ладно, бледо или сино стапало
Болка при одење (интермитентна клаудикација)
Рани што тешко заздравуваат

🦶 Пулсот на нозете се напипува на неколку стандардни точки.
– На горната страна на стапалото
– Зад внатрешниот глужд на стопалото
– Во задната јама на коленото
– Во препоната

Затоа првата проверка и обука како се изведува ја правиме во нашата ординација.
Јави се за обука и преглед бесплатно!
Др.Соња Мавродиева Георгиевска
Спец.по семејна медицина

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*