Во организација на Општинската организација на Црвен крст – Делчево, денеска успешно беше реализирана првата крводарителска акција во новата година, на која беа собрани вкупно 93 крвни единици.
Од ООЦК Делчево информираат дека акцијата поминала во одлична атмосфера и со голем одѕив од хуманите граѓани, што уште еднаш ја потврдува нивната солидарност и подготвеност да помогнат.
„Секоја донирана крв претставува нова надеж и можност за спас на човечки живот. Благодарение на хуманоста на крводарителите, оваа акција претставува достоен почеток на годината“, велат од организацијата.
Голема благодарност беше упатена и до медицинскиот тим, како и до сите кои со својот ангажман придонесоа за успешна реализација на акцијата.
Од Црвениот крст – Делчево најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон промоција на крводарителството и хуманите вредности.
🩸 Дарувај крв – спаси нечиј живот

Leave a Reply