Традицијата продолжува: Кршење на маалското василичарско колаче на Мегдане во Русиново

Русиново и годинава ја покажа својата посветеност кон традицијата и духовните вредности што со векови се пренесуваат од колено на колено. На Мегдане, во срцето на селото, се одржа традиционалното кршење на маалското василичарско колаче, еден од најзначајните обичаи поврзани со Василица и новата година.

Настанот се реализираше во духот на заедништвото, почитта и вербата, со силна порака дека традицијата е темелот на нашиот идентитет и опстанок. Организацијата беше под водство на неуморниот Игорчо Жежовски и дежурната екипа на Мегдане, кои уште еднаш покажаа како се чува и негува локалното наследство.

Среќник на годинашното колаче беше токму Игорчо Жежовски, кој го презеде и кумството за наредната година. Со тоа, симболично ја продолжи традицијата на грижа, слога и благослов за целото село. Му беа упатени желби за многу здравје, среќа и успех – нему, но и на сите жители на Русиново.

Голема благодарност за успешната реализација на настанот оди и до ресторан ДБД Шуте, кој се погрижи за одличната организација и пријатната атмосфера.

Пораката од денешниот собир беше јасна и силна:
„Кај што има слога – има и Бога.“
Русиново и понатаму чекори по патот на традицијата, заедништвото и духовните вредности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*