Балканските патишта во стрип – приказната на Бобан Пешов

Балканот отсекогаш бил земја на патувања и преминувања. Денес по тие патишта минуваат мигранти на пат кон северна Европа, но пред 30 години по истиот тој пат одеа оние што бегаа од војната што ја распадна поранешна Југославија.

Меѓу нив бил и таткото на Бобан Пешов, карикатурист од македонско потекло, кој веќе со години живее меѓу ридовите на Пиемонтските Ланге, каде што го достигнал својот татко, кој во Италија нашол работа во бројните земјоделски компании во регионот.

Тоа е приказна за иселување која Бобан целосно ја дознал дури подоцна, речиси случајно, прашувајќи го својот татко.

-Ме погоди сè што преживеал во првите моменти тука — тешкотиите, тоа што спиел под мостови, тоа што се нашол во целосна беспомошност, без никаква поддршка.“, раскажува за РАИ, Пешов.

Денес таа приказна стана стрип кој раскажува уште поголема приказна, бидејќи македонската заедница што се населила меѓу овие ридови брои околу 5.000 луѓе, речиси сите вработени во земјоделството. И токму за да се избега од логиките на експлоатација, по иницијатива на семејството Пешов е основана една задруга што ја организира работната сила — место каде што работа наоѓаат и новите мигранти, и одлична точка од која може да се набљудува како се променил феноменот на миграцијата.

-Кога бевме во Македонија, со месеци не слушавме ништо од него. Речиси две години не знаевме ни дали е жив. Само знаевме дека е во Италија, во некоја земја што за нас беше нула — ништо не знаевме, вели виничкиот карикатурист надоврзувајки се дека денес гледа како многу млади што работат во нашата фирма — го имаат овој уред што е како продолжение на нивната рака, па се постојано поврзани. Тоа е позитивно, бидејќи можат секогаш да бидат во контакт со своите семејства.

Тоа е идеја што произлегува од директно проживеано искуство и во својата основа носи концепт на солидарност, кој со текот на годините се развивал и зацврстувал.

-Се професионализиравме, станавме сè подобри. Заедницата околу нашата фирма, македонската заедница во оваа област, порасна — многумина ги донесоа своите семејства, децата почнаа да одат на училиште овде во Италија. Така создадовме поим за интеграција благодарение на постојаниот концепт на соработка.“

Сето тоа е раскажано со леснотијата на графичкиот роман — жанр кој сè повеќе се наметнува како средство за раскажување сложени приказни.

„Графичкиот роман дава нешто посебно — дава посилни емоции и се наоѓа некаде помеѓу светот на серискиот стрип и филмот, па дури и киното.“

Кои други приказни подготвуваш да ни ги раскажеш?

„Протагонистите на новата приказна се двајца соседи — едниот Србин, другиот Хрват — кои живеат во Босна и се мразат, но не затоа што се од различна етничка припадност, туку затоа што се соседи. Тие се поранешни партизани и, гледајќи што се случува, сфаќаат дека како да се враќа од дното оној фашистички порив против кој тие се бореле во војната. Така, од тоа што се мразеле, иако постојано си оделе на нерви, тие се обединуваат.“

Промоцијата е за неколку месеци во книжарниците — за ново поглавје од Балканот во стрип, раскажано низ погледот кон нежните ридови на Ланге.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*