Младите ракометари на РК Делчево подготвени за „Трофејот на град Нови Сад 2026“

На 15 јануари 2026 година започнаа подготовките на нашиот ракометен клуб за настап на меѓународниот турнир за млади категории „Трофеј града Новог Сада 2026“, кој ќе се одржи од 30 јануари до 1 февруари 2026 година во Република Србија.

Клубот ќе настапи со две селекции и тоа:

  • генерација 2013/2014,
  • генерација 2015 и помлади, кои ќе се натпреваруваат во мини-ракомет.

Во изминатиот период, младите ракометари работат посветено и мотивирано, со јасна цел – достојно да го претстават клубот и градот Делчево на едно од најреномираните младински ракометни натпреварувања во регионот. Турнирот во Нови Сад традиционално собира квалитетни екипи од повеќе земји и претставува одлична можност за стекнување искуство, спортско надградување и меѓународна афирмација.

Им посакуваме многу среќа, борбеност и спортски успех на нашите млади ракометари, со надеж дека ќе не израдуваат со одлични резултати со кои ќе се гордеат клубот и градот Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*