Советот на Општина Делчево целосно се дигитализира: Од петок стартува платформата opstinskisovet.mk

Советот на Општина Делчево прави значаен чекор кон модерно и транспарентно локално управување. Денеска беше спроведена обука на советниците за користење на новата дигитална платформа opstinskisovet.mk, со што успешно се заокружи подготвителната фаза за нејзина примена.

Веќе од петок, платформата ќе биде ставена во целосна функција и ќе се користи во секојдневната работа на Советот. Преку неа, секој граѓанин ќе може да се најави како гостин и да има целосен увид во материјалите, одлуките и работата на Советот – целосно дигитално и транспарентно.

Со имплементацијата на оваа платформа започнува реализацијата на уште едно предизборно ветување, со кое граѓаните добиваат поголема отвореност, транспарентност и директен пристап до информациите од локалната самоуправа.

Дигитализацијата дополнително овозможува поголема отчетност на советниците, заштеда на време и ресурси, како и значително намалување на користењето хартија.

Оваа иницијатива претставува важен чекор кон современо, ефикасно и одговорно локално управување, во служба на граѓаните на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*