Млади надежи на ППК „Зегин“ Берово меѓу 500-те најдобри спортски стипендисти во Македонија

Големо признание за младите спортисти од ППК „Зегин“ Берово, кои се најдоа меѓу 500-те најдобри спортисти – стипендисти во сите спортови на ниво на државата 🇲🇰.

Со само 11 години, Јован Пармачки се стекна со престижната спортска стипендија, како потврда за неговиот талент, посветеност и постигнати резултати. Истото признание го доби и Бојана Јовевска, која на само 12 години веќе се вбројува меѓу најперспективните млади спортисти во Македонија.

Во оваа елитна група е и нивниот пријател од Скопје, Андреј Стојановски, исто така добитник на спортска стипендија, што дополнително го истакнува квалитетот и успешната работа со младите категории.

Овој успех претставува силна мотивација за понатамошна работа и развој, како за младите спортисти, така и за клубот ППК „Зегин“ Берово, кој континуирано вложува во создавање нови спортски таленти.

Честитки за децата и нивните тренери – иднината на македонскиот спорт е во сигурни раце! 🏆🥇

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*