
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, одржа работен и конструктивен состанок со раководителите на секторите и општинските одделенија во рамки на ЕЛС Делчево, на кој беа анализирани состојбите во работењето во изминатиот период и беа утврдени идните насоки за унапредување на ефикасноста на општинската администрација.
По спроведената детална анализа, градоначалникот ги изнесе своите генерални забелешки, при што јасно ги дефинираше определбите и намерите за значително подобрување на квалитетот и ефикасноста на услугите што Општина Делчево ги обезбедува за граѓаните.
Како што беше истакнато на состанокот, со високо ниво на мотивација започнува системски процес за надминување на сите воочени и констатирани недостатоци, со крајна цел зајакнување на општинската функционалност и ставање на потребите на граѓаните во прв план.
Охрабрувачки е фактот што кај раководниот кадар во општинските сектори и одделенија постои сериозна и позитивна подготвеност да се одговори на овој програмски предизвик и активно да се учествува во процесот на институционални подобрувања.
Од Општина Делчево упатија јавна благодарност до граѓаните кои со свои мислења, предлози и идеи придонеле кон иницирањето на оваа институционална промена, за која се очекува да донесе конкретни и позитивни резултати во работењето и зголемување на ефикасноста на администрацијата.
Градоначалникот Гоцевски нагласи дека општината има обврска да одговори на сите современи предизвици во рамки на своите надлежности, согласно законските норми, брзо и ефикасно, при што очекува јасно дефинирани резултати преку понуда на одржливи и ефективни решенија во периодот што следува

Leave a Reply