Се уредува патот кон манастирскиот комплекс „Св. Богородица Балаклија“

Во Делчево е во тек уредување на патот и просторот што води кон манастирскиот комплекс „Св. Богородица Балаклија“. Се спроведуваат активности за чистење и проширување на овој патен правец, со што значително ќе се подобрат пристапот и безбедноста за граѓаните кои гравитираат кон овој дел од градот.

Како што информира градоначалникот Иван Гоцевски, банкините на патот биле сериозно оштетени, поради што интервентното одржување било неопходно уште одамна. Со преземените активности се спречува понатамошно оштетување на трупот на патот, а воедно се овозможува полесно и побезбедно разминување на возилата.

Покрај тоа, се обезбедува и дополнителен простор за паркирање, со цел подобра организација на сообраќајот и олеснет пристап до градските гробишта, особено за време на верските празници и поголемите посетености.

Од Општина Делчево истакнуваат дека со оваа интервенција се создава побезбедна, поуредена и подостоинствена инфраструктура за сите граѓани. Воедно, упатен е апел до жителите да не се депонира отпад од каков било вид во овој дел од градот, со цел зачувување на уредениот простор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*