Во Делчево реализирана еднодневна превентивна кампања „ВОЗИ БЕЗБЕДНО, ВОЗИ СО ЉУБОВ – СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН“

По повод 14 Февруари – Свети Трифун и Денот на вљубените, Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, во соработка со ОВР Делчево и РЦГР – Исток, реализираа еднодневна превентивна кампања под слоганот „ВОЗИ БЕЗБЕДНО, ВОЗИ СО ЉУБОВ – СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН“, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Кампањата се спроведе на локалната патна мрежа и на граничниот премин „Делчево“, каде претставници на советот и полициски службеници преку директна комуникација со возачите упатија апели за одговорно однесување во сообраќајот, особено во денови кога е зголемен ризикот од управување под дејство на алкохол. На учесниците им беа поделени и едукативни материјали изработени од РСБСП, со укажување на значењето на совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот.

Од ОСБСП Делчево потсетија дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и ја ограничува можноста за брзо и ефикасно реагирање во непредвидени сообраќајни ситуации.

Во рамки на кампањата беа упатени и конкретни совети до учесниците во сообраќајот: доколку се консумира алкохол, да не се управува со моторно возило; во патнички автомобил на предното седиште да не се превезува лице кое е очигледно под дејство на алкохол; возачот да не започнува и да не управува со возило доколку е под дејство на алкохол, додека кај професионалните возачи и возачите почетници не е дозволено никакво количество алкохол во крвта.

„АКО ПИЕШ, НЕ ВОЗИ – АКО ВОЗИШ, НЕ ПИЈ!“ порачаа од ОСБСП Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*