Стаменкова: „Македонска Каменица – иднина без ризик“

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во објава на фејсбук истакна дека рудникот е срцето на економијата на општината, како генератор на работни места и двигател на локалниот развој. Сепак, таа нагласи дека е потребно да се размислува и за живот без рудник, за да општината не зависи од нови големи оператори кои можат да ја напуштат кога ќе престане нивната потреба.

Во таа насока, Стаменкова се обрати до Премиерот и Владата на Република Македонија за формирање национална стратегија за праведна економска и енергетска транзиција за општината.

„Целта е да се обезбеди развој на нови работни места и стопански гранки, програми за преквалификација и поддршка на работната сила, регионален развој и подобрување на инфраструктурата, како и сигурна и одржлива иднина за граѓаните“, истакна Стаменкова.

Таа нагласи дека е потребен партнерски пристап меѓу Владата, општината, стопанството и граѓаните за создавање стабилна и долгорочна иднина за Македонска Каменица.

Општината ќе продолжи со креирање политики за развој и одржливост, додека се очекува Владата да го препознае овој предлог како регионален приоритет и да поддржи конкретни активности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*