
Делчево може да биде гордо – проф. д-р Дејан Анакиевски, родом од Делчево, заедно со својот тим во болницата „Срце и Мозок“, постигна неверојатен успех – 1 500 спасени животи со робот-асистирана уролошка хирургија со системот da Vinci во само 5 години!
Овој пробив ја менува урологијата во современата медицина. Благодарение на минимално инвазивниот пристап и прецизноста, се менува начинот на лекување на сложени уролошки заболувања. Пациентите добиваат помала траума, помалку крвна изгуба, побрзо закрепнување и значително помал ризик од компликации.
Честитки до проф. д-р Анакиевски и неговиот тим за нивната посветеност и професионализам. Делчево е гордо на вас!

Leave a Reply