Делчевскиот Центар за култура доби поддршка за 23 културни проекти во 2026 година

Директорот на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начовски денес информираше дека од Министерството за култура и туризам добиле резултати од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2026 година. Од вкупно 49 поднесени проекти, центарот доби поддршка за реализација на 23 проекти.

Директорот Златко Начовски потенцира дека поддршката опфаќа проекти од повеќе области на културната дејност:

  • Фолклорна дејност: активности на фолклорната група, семинар за етнокореолози, учество на манифестации и фестивали, програма на женската пејачка група „Ѓурѓа“, материјални трошоци на установата, обележување на 150 години од Разловечкото востание и 31. издание на Голачките фолклорни фестивали.
  • Музичка и музичко-сценска дејност: осум проекти, меѓу кои „Гласови на романтизмот“, камерни концерти, настапи на гудачки квартет Viva Strings и други музички и сценски настани.
  • Визуелни уметности, архитектура и дизајн: три проекти, вклучувајќи ликовни изложби, работилници со лица со посебни потреби и комбинирани техники за инспиративни професии.
  • Литература и издавачка дејност: два проекти, фестивал за хумор, сатира и карикатура и „Вапцарови Бранувања“.
  • Инвестициско одржување и опрема: два проекти, набавка на компјутери и информатичка опрема во Спомен-домот на Разловечкото востание.
  • Музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство: проект за реализација на постојаната музејска поставка во Спомен-домот на Разловечкото востание, кој е најзначаен за центарот оваа година.

Начовски изрази благодарност до Владата на Р. Македонија, премиерот Христијан Мицкоски и Министерството за култура и туризам за поддршката на овие капитални проекти, како и до Националниот конзерваторски центар Скопје кој ги изведува градежните работи.

-Со оваа поддршка ќе продолжиме да го развиваме културниот живот во Делчево, да создадеме нови содржини за публиката и да обезбедиме континуитет во културните активности“, изјави Начовски.

Директорот посочи дека Центарот не застанува само на овие проекти и дека веќе во среда, од 19 часот, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарската комедија „JЗУ Европа“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*