
ЈКП Брегалница денеска успешно ја заврши акцијата за уредување на две јавни парцели на територијата на Делчево, кои добија целосно нов и разубавен изглед со засадување сезонско цвеќе и уредување со декоративен камен.
Како што информираат од претпријатието, активностите се дел од континуираните заложби за подобрување на урбаното зеленило и создавање поубаво, почисто и попријатно опкружување за граѓаните. Со внимателен избор на сезонски насади и детално уредување, двете парцели се претворија во освежени зелени катчиња кои значително го подобруваат изгледот на просторот.

Од ЈКП Брегалница изразуваат искрена благодарност до вработените во Секторот „Паркови и зеленило“, кои со високо ниво на посветеност и професионалност ја реализираа акцијата. Посебна благодарност е упатена до раководителката Розета Цонева, која заедно со својот тим даде значаен придонес во уредувањето на парцелите.

Голема благодарност, како што наведуваат, е упатена и до Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски за континуираната поддршка, не само во оваа активност, туку и во останатите сегменти од работењето на претпријатието.

Од ЈКП Брегалница најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со слични активности, со цел создавање поуредено и поубаво Делчево, во интерес на сите граѓани.


Leave a Reply